Правила и услови за користење на веб страната nakit.mk која е во сопственост на Ел Дорадо 05 ДОО Скопје (во понатамошниот текст Ел Дорадо 05).

Ел Дорадо 05 преку својата веб страница со домеин nakit.mk овозможува online продажба, односно врши спроведување на финансиски трансакции преку својата платформа, како и услуги од промотивен карактер.

Сите понуди и цени на сајтот може да се променат во било кое време, без претходно известување. Ел Дорадо 05 не се обврзува дека цените кои ќе бидат поставени на оваа веб страница се идентични со тие во физичката продавница на Nakit.mk .

Правилата и условите важат за сите лица (“Крајниот корисник“) подеднакво и доколку не се согласувате со било кој дел од овие правила и услови за користење ве молиме веднаш да ја напуштите оваа веб страница и да прекинете да ги користите нејзините услуги.

Со посетата на оваа веб страница (nakit.mk) се согласувате и сте обврзани да ги почитувате правилата и условите за користење на истата, вклучувајќи ја и политиката за приватност.

Веб страницата, нејзината инфраструктура и содржина се сопственост на Ел Дорадо 05. Со користење на овој сајт, корисникот има ограничено, непреносливо и лично право на користење на оваа интернет страница, односно правото на користење на веб страницата е лично право на крајниот корисник и не може да се пренесе на друго физичко или правно лице.

Крајниот корисник е лично одговорен за заштита на неговата лозинка.

Крајниот корисник се обврзува да ги почитува правилата и условите кои се истакнати подолу во овој текст како и дека нема да репродуцира, дистрибуира, пренесува, препродава било која содржина, софтвер, производи или услуги добиени преку сајтот без претходно одобрување од Nakit.mk.

Ел Дорадо 05 има целосно право на целокупната содржина на веб страницата nakit.mk, вклучувајќи ги и фотографиите од производите. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до граѓански и/или кривични казни.

Со користењето на веб страницата nakit.mk, Вие се согласувате дека секогаш ќе оставате точни лични податоци на било кој дел од страницата на кој тоа е потребно, и редовно ќе ги ажурирате за да сооддејствуваат на фактичката моментална состојба, односно дека одговарате дека се точни во било кое време; дека ќе вршите купување единствено доколку сте во можност да направите правна обврска и ќе вршите легитимни купувања кои се во согласност со условите кои се дадени на секој производ или услуга.

Одговорност е на Крајниот корисник да одлучи и процени сам дали ќе се потпре на точноста и корисноста на содржината објавена на веб страницата на Ел Дорадо 05.

Ако крајниот корисник одлучи да пристапи до веб страните преку некој друг линк,тоа го прави на свој сопствен ризик.

Eл Дорадо 05, не одговара за грешни податоци или било какви грешки кој крајниот купувач ќе ги специфицира грешно.

Во случај на прекин на услугите поради проблеми со интернетот или други случувања кои се надвор од контролата на Ел Дорадо 05, крајниот корисник се согласува дека е свесен дека Ел Дорадо 05 се оградува од секакво губење на информации при нивниот пренос или пак привремена недостапност на веб страницата на интернет.

Ел Дорадо 05 го задржува правото во било кое време да ја менува содржината, дизајнот на својата веб страница како и да измени или укине било кој елемент од својата понуда.

Додека ја користите веб страницата nakit,mk или испраќате електронски (е-маил) пораки до nakit.mk, нашата взаемна комуникација се одвива по електронски пат, па согласно со ова се согласувате да примате електронски пораки од нас во врска со Вашата употреба на сајтот. Nakit.mk ќе комуницира со Вас преку е-маил или преку поставување нотификации или коментари на веб страницата. Вие се согласувате дека сите спогодби, забелешки или друга комуникација која ви е пренесена по електронски пат ги задоволува правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ.

Известувања од нас се сметаат за уредно доставени на денот на испратената електронска порака од наша страна, на Вашата е-маил адреса која сте ја оставиле на Вашиот профил или сте ни ја дале низ друга форма на комуникација со Вас.

Ако надлежниот суд се произјасни дека било која одредба од овие Правила и Услови е неважечка, тоа нема да влијае на валидноста на другите одредби од овие Правила и Услови што значи дека преостанатите делови ќе останат да важат. Доколку било која страна не ги искористи своите права од овој договор, тоа нема да се смета за откажување или губење на тие права.

 

Измена на Условите и Правилата за користење на веб страната

Ел Дорадо 05 има право во било кое време, без претходно информирање на Крајниот корисник, доколку тоа не го смета за потребно, да ги промени правилата и условите за користење на веб страницата. Било какво користење на веб страницата од страна на Крајниот корисник по направените измени ќе се подразбира како прифаќање на истите.

Заради ова, силно препорачуваме да ги читате редовнo овие Услови и правила за користење на веб страницата nakit.mk. Доколку не се согласувате со направените измени, ви препорачуваме да се воздржите од користење на веб страницата.

Опрема

Ел Дорадо 05  не е одговорен за набавката на техничката опрема потребна за користење на веб страните и било какво нејзино оштетување кое може да настане како последица од користењето на истите.

Кодекс на однесување на Крајниот корисник

Се забранува такво однесување на Крајниот корисник, кое го ограничува или оневозможува било кој друг Краен корисник во користењето и уживањето на веб страницата nakit.mk.

Одговорности и Права на Ел Дорадо 05

Ел Дорадо 05 не одговара за никаква штета што произлегла од користење и употреба на услугите и информациите што се нудат на веб страницата. Ова подразбира штета за причинети грешки, губење на материјални средства, прекин или успорување во работата, опомени, компјутерски вируси, или важни информации на Крајниот корисник, нелегален пренос на дата и важни информации и нивна промена, како и причинување на други поголеми или помали штети.

Информациите на веб страницата се создадени и пуштени во употреба при најсовесно дејствување, но Ел Дорадо 05 не ја превзема одговорноста за нивната целост и техничка точност.

Ел Дорадо 05 посочува дека целиот материјал кој е поставен на веб страницата не е безгрешен и дека пристапот до веб страницата може да биде прекинат поради најралични причини и дека веб страницата не секогаш е во потполност безбедна за користење. Ел Дорадо 05 го има правото во било кое време да го ограничи или елиминира во целост пристапот на Крајниот корисник на веб страната.

Надомест на штета

Крајниот корисник се согласува дека ќе го обештети и нема да го смета за одговорен Ел Дорадо 05 ДОО Скопје вклучувајќи ги и нивните одговорни лица, вработени и екстерни соработници за сите побарувања за надомест на штета и трошоци, вклучувајќи ги тука и трошоците за правно застапување кои можат да произлезат од користењето на веб страницата од страна на Крајниот корисник.

Прекин на деловната соработка

Ел Дорадо 05 го има правото да го раскине овој договор во било кое време без претходно да го извести Крајниот корисник. Ел Дорадо 05 го задржува правото на суспендирање на лозинката или профилот на Крајниот корисник доколку утврди неприфатливо однесување од страна на Крајниот корисник кој делумно или целосно ги прекршува Правилата и Условите на овој договор.

Надлежен суд

Седиштето на Ел Дорадо ДОО е во Скопје, Република Македонија. Правните спорови кои можат да настанат како последица на посетувањето и користењето на веб страницата (освен доколку со некаков договор не е предвидено поинаку) се во надлежност на Основен суд Скопје 2 Скопје и се решаваат во согласност со прописите на Република Македонија. Со користењето на веб страницата, Крајниот корисник е согласен дека било кој правен спор или барање кој ќе произлезе или е во врска со овие Правила и Услови вклучувајќи ја и нивната имплементација, е во надлежност на судот во Скопје.

Услови за продажба

Кога крајниот корисник ќе купи одреден производ или услуга од веб страницата nakit.mk, добива меил на кој е истакнат уникатниот код кој треба да се приложи при доставата на производот или искористување на услугата.

Ниту Ел Дорадо 05, ниту неговите партнери не се одговорни за губење, крадење или злоупотреба на Уникатниот код кој го добива Крајниот корисник при купување на производот. Доколку одлучите во договор со Продавачот да го замените производот со производ со помала вредност, Продавачот не е должен да Ви ги врати средствата.

Останати Правила и Услови

Ел Дорадо 05 не е одговорен за било каква штета, болест, повреда, загуба и слично за време на користење на производот од страна на Крајниот корисник. Крајниот корисник е должен да испита и по сопствено убедување да пристапи кон купување на било кој производ од оваа веб страница.

Ел Дорадо 05 се оградува од било каква одговорност при користење на производите или услугите од страна на Крајниот корисник кај продавачот и при нивната меѓусебна комуникација.